ТИРКИЗ: нов спот од БАКЛАВА!
По успешната концертна промоција на албумот што ја имавме во петокот, во МКЦ, Баклава ви го презентира новото музичко видео за песната „Тиркиз“.
Видеото е изработено од продукцијата на „091“, и режијата е на Јана Мишо. Шминка: Ирена Сенокозлиоска.
Музика: Елена Христова, текст: Сибо.
Елена Баклава – вокали, Дејан Теодосиевски – виолончело, Драган Стојковски – бас гитара, Игор Стевковски – тапани, Џенгиз Ибраим – канон, Петар Христов – кларинет, Трајче Ристов – тарабука
Тиркизната боја го доби своето видео. Инспирана од играта на зборови на името на драгиот камен што воедно е и симбол на турската естетика, се доловуваат убавините од Истанбул до прекрасното јужно крајбрежје на Медитеранот. Стиховите се претежно на македонски јазик, но тука и таму има и понекоја строфа и на турски…
Следуваат настапи за промоција на новиот звук на Баклава. Најпрво би ја издвоиле промоцијата на крајот на март на винилното и ЦД издание кое е издадено од Берин, но е и под покровителство на Арс Ламина и нејзините продавници каде ќе можете да си набавите винил и ЦД.
Од поважните настапи го најавуваме концертот на овогодинешниот Оффест, во јуни.