По неколку години создавање конечно излегува четвриот албум на групата Баклава. Јубилеен со своите четири страни. Богат со 13 песни, огромна екипа, различни жанрови и е вртење на сосема нова страница.
Создадовме светска музика. Вложивме многу. И мака и љубов. Сметаме дека е ова најдобриот албум што сме го направиле до сега, и сме многу благодарни на сите што го градеа со нас, и сите што го поддржуваа на било каков начин.
Ова ремек-дело е наше дете. Без разлика дали тоа ќе ви биде смешно или раздразливо, ние го сметаме за свое, исто како да сме го родиле. И можеме да ви порачаме, дека покрај што ги сакате вашите деца, и покрај тоа што ве радуваат или нервираат додека растат, чувајте ги. Чувајте ги додека можете. Дајте им корен и дајте им крилја…
Описно, овој колоритен албум е создаван на концептот на бои. Секоја песна е посветена на конкретна боја, претставена преку музиката и стиховите. Сликата што ќе ја добиете слушајќи ги, е токму она расположение што ви ја предзвикува некоја од 13те бои:
TURQUOISE (Тиркиз), ПУРПУРНА, CHOCOLATE (Чоколада), РУЗМАРИН, ПЕНДОЛИРА, СИНА, РУБИН, СРЕБРЕНА, СИВА, БЕЛА, НЕВЕН, ФЛАМИНГО, СЕНКА.
Пеено е претежно на македонски јазик, но тука и таму има и понекоја строфа и на турски, хрватски, влашки, латински… Музиката на скоро сите песни ја напиша Елена Христова. А стиховите Сибо. Отсвирено е на многу инструменти, а свиреа големите мајстори:
Елена Баклава – вокали,
Сибо – деф, перкусии и ел. тамбури
Дејан Теодосиевски – виолон-чело и пијано,
Драган Стојковски – бас гитара, тамбурут и ел. тамбури
Гого Клинчаров – тамбура,
Игор Стевковски – тапани,
Александар Николовски – труба
Џенгиз Ибраим – канон,
Петар Христов – ак. гитара, кларинет и саксофон,
Трајче Ристов – тарабука
Јордан Костов – армоника,
Ваљон Адеми – виолина,
Тино Скендеровски – армоника и програмирање,
Гордан Спасовски – пијано,
Гоце Стевковски – тапани,
Гоце Наумов – тапани и перкусии,
Амон Мра – усна армоника,
Лазе Стерјовски – армоника
Гости ни беа неповторливиот Darko Rundek и прекрасните Суперхикс (или секој посебно со љубов):
Петар Младеновски – ел. бас и вокал,
Борис Минов – ел. гитара,
Александар Спасовски – труба,
Симе Златков – саксофон и вокал,
Бранко Илиевски – тромбон,
Дарко Попов – тапани,
Гоце Лалковски – скреч.
Се снимаше во различни студија: “Tralala”, “Enterprise”, “Alshar”, “Chicken Madness”… Елена, која најчесто беше и аранжер, покрај неа беа и продуцентите Мите Димовски, Тино Скендеровски, Ивица Јанкуловски, Andreas Hz, Дарко Спасовски, Горан Кан, Бојан Угриновски… Мастерингот за LP на крај го направи Мите Димовски.
Фантастичниот дизајн на омотот и целата естетика воопшто е на Нерсес Малакјан. Огромна благодарност им должиме на Арс Ламина и Берин, кои ќе застанат зад материјалното издание во облик на грамофонска плоча.
И на своите најблиски што издржаа и поддржаа.
Ова е голема тема, за да ја објасниме монохроматски. Слушајте и уживајте. Четворката не е само звук.
Pandora
TikTok
ClaroMusica
KKBox
Instagram/Facebook